Првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ и генералниот секретар Влатко Георгиевски денешната прес – конференција ја искористија да кажат за тоа што мислат на шпекуалциите за смена во во врвот на КФСМ:
“„Свесни сме за тие шпекулации, сите сме запознаени со тој процес… клубови под притисок, сите клубови ни се жалат дека има притисоци. Јас можам да кажам дека нема клуб кому му немаме помогнато. На таа тема сме мирни, работиме за доброто на македонската кошарка и ќе продолжиме со тоа“, порача Перо Антиќ.
Георгиевски напомена дека досега, и покрај најавите, засега нема пристигнато официјален документ. Тој демантираше дека КФСМ се соочува со финансиска криза:
“„Наспроти шпекулациите, ние немаме добиено ништо официјално како допис или барање. Не е проблем, ние можеме да се соочиме и со факти и со визии и со програми…можеби ќе се појави некој што ќе оствари повеќе, но освен некои индиректни објави или шпекулации, ние како федерација немаме добиено никаква иницијатива… Ние секогаш сме отворени, нашите завршни сметки се познати во јавноста, тоа е од компанија, од овластено сметководствено лице, потоа под контрола на официјалните лица во државата (досега беше АМС), врз основа на што добиваме оценка дали е прифатена завршната сметка. Во овие пет години бевме јасни и транспарентни, ние во овој период сме на размислување да дојде и ревизорска куќа за целокупното тврдење, но најодговорно тврдам дека ако се најде нешто, тоа може да биде само нешто ситно и административно. Ние годинава комплетно ја покриваме, од јануари 2024 немавме добиено никакви средства, пред неколку дена стигнаа парите за премии на младата селекција, како и одредени средства од државата, за кои имаме најава дека ќе следат и ваучерите и нови средства“, истакна Генералниот секретар Влатко Георгиевски.