Навистина е малерозен Марк – Андре тер Штеген. По повлекувањето на Мануел Ноер, голманот и капитенот на Барса требаше да биде неприкосновен на голот на репрезентацијата на Германија, но тешката повреда го одалечи од терените најмалку до крајот на сезоната.
Се разбира дека ова е проблем за Барселона, но е и проблем за селекторот на “панцерите“, Јулиен Нагелсман.
Сега тој треба да одлучи кој ќе биде прв голман на Германија, кога веќе ги нема Ноер и Тер Штеген.
Па така според медиумите во Германија, Нагелсман веќе има одлука а тоа е Александар Нубел, голманот на Штутгарт кој во последно време брани во одлична форма. Тој и беше во репрезентацијата, но досега немаше шанси да биде пред Ноер и Тер Штеген.
Иако има 27 години тој сеуште нема деби за Германија, но затоа има 17 мечеви за младинската селекција.
Интересно е тоа што Нубел е актуелен член на Баерн Минхен кој е отстапен во Штутгарт, а има брането и за Падерборн, Шалке.