Утре во 18.30 часот во меч од 5.коло на “Алијанц Арената“ се среќаваат Баерн Минхен и Баер Леверкузен. Секако дека ова е и дерби на есенскиот дел, ако се знае како играат “баварците“ под водство на Винсент Компани, а кој е Леверкузен на Чаби Алонсо.
Фудбалска Германија, но и цела Европа со нетрпение го очекува овој спектакуларен меч.
Во пресрет на дербито, свој коментар има токму статегот на Баерн:
„Добро е што сите се возбудени поради овој меч, тоа значи дека е многу важен. Јасно е дека нема да биде лесно, сакаме да бидеме на максмално ниво против одличен противник. Според мене Баерн е фаворит без разлика што играме против шампионот. Сакаме да доминираме, сакаме да победиме и сакаме да импресионираме со својот настап“ рече покрај другото Компани.