„КНЕЖИНО“ е уметноста на ФФМ и причината за хаос

501

Хаос во Кавадарци, тензии на Вардар – Силекс, тепачки во Неготино и Куманово… Суспензии на терени на сите страни, клубови кои се жртви на тоталниот хаос во судиската организација на ФФМ каде се казнуваат и бришат функционери кои кажуваат вистина а од друга страна послушните си тераат со агендата и интересите.

Додека е кичевскиот „Колина“‚ Маријан Ристевски, комесар за делегирање на судии, ќе “цвета“ и судењето под диктат кое им носи профит на одредени клубови кои секоја година на крајот од сезоната го жнеат „житото“‚ а останатите се само статисти и бројка која им овозможува на „кичевскиот пашалак“‚ да си ужива во благодетите на средствата од ФИФА и УЕФА.

Но, на сето тоа се ближи и крајот со оглед на тоа дека за брзо истекува мандатот на претседателот Муамед Сејдини кој е свесен за последиците и иднината па се обидува да најде спас за поединци а не за група.

Уметноста е во тоа што „Кнежино“ крај Кичево, е базата на сите проблеми, место каде се организира комплетниот хаос и објект во кој се сливаат милионски средства. Тоа е фамилијарна база спонзорирана од касата на ФФМ и сето тоа „покриено“, со проекти, карантини, семинари…

Меѓу другото „Куќата на уметноста“‚ е пример за организација, фамилија и „пашалак“‚ по кој фудбалот нема да биде ист. Најновата вест е таа дека во тој објект сметководител е поранешниот селектор на репрезентацијата до 19 години и актуелен помошник во селекцијата до 21 година. Станува збор за Шкумбин Арслани!

И тука повторно изреката: „Хотелот е мој ама на хартија е некој друг“.

Хартијата трпи се ,но вистината кога тогаш се појавува на виделина!

Барем смислиле супер има со уметност и куќа… а како е истата “превземена” од страна на зетот на претседателот е филм за мали деца.

ПретходноОфицијално: Мечот Новаци – Македонија ЃП е регистриран со службени 3:0!
СледноЛегендарниот хрватски ракометар Мирза Џомба на тренинг на РК Алкалоид (ВИДЕО)