Ракометарите на Алкалоид продолжија да редат победи на стартот на новата суперлигашка сезона. И во мечот од 4. коло, избраниците на Кире Лазаров практично немаа никакви проблеми да го добијат мечот на домашен терен против екипата на Прилеп, па на крајот славеа убедливо со 45:23.
Уште во првите минути на мечот беше јасно дека Алкалоид многу рано ќе го реши прашањето за победникот вечерва. До средина на првиот дел Алкалоид имаше двоцифрена предност (16:6), а до крајот на првото полувреме разлика беше сочувана (23:13).
Прилеп не успеа да поправи ништо во својата игра во вториот дел. Алкалоид доминираше, ја зголемуваше разликата и на крајот дојде до нов убедлив триумф.
Костески со 7 гола (сите во второто полувреме) беше најефикасен кај Алкалоид, а одличен бепше и Кизиќ на голот со 15 интервенции и 1 постигнат гол. Кај гостите Квастек постигна 4 гола.