Два гола за Наташа Андонова во дебито во С.Арабија (ВИДЕО)

307

Македонската фудбалска репрезентативка и во моментов наша најдобра фудбалерка, Наташа Андонова имаше одлично деби во дресот на новиот тим. Таа одлучи да се пресели во Саудиска Арабија каде е дел од тимот на Ал Шабаб.

На првата средба Андонова постигна два гола во убедливиот триумф на нејзината екипа против Ал Тараџи на гостински терен. Со својата блескава игра македонската репрезентативка веднаш се најде во центарот на вниманието, а раководството на клубот доби потврда дека не погреши што ја ангажираше, во неа гледаат лидер.

ПретходноВечно дерби во „Јане Сандански“: Пелистер две години го нема победено Вардар 1961 во Скопје!
СледноПет македонски „Кенгури“ играат за Австралија У20!