ГРК Охрид без милост – го победи Тиквеш со 20 гола разлика!

186
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

Во последниот меч од денешната програма од четвртото коло во Супер-лигата, ГРК Охрид го запиша четвртиот триумф оваа сезона откако го совлада ГРК Тиквеш со убедливи 40-20.

Избраниците на Стевче Алушовски влегоа во друштвото на Алкалоид, ова се двата тима без пораз после четири одиграни кола.

Охриѓани мечот го решија во првото полувреме во кое беа подобри со 21-12. Во продолжение не застанаа, веднаш по одморот ја запишаа првата двоцифрена позитива од 22-12 и до крајот истата без проблем ја зголемуваа.

Јукич постигна девет гола, зад него со пет погодоци беше Цицар, кај поразениот состав Мијатовиќ имаше шест гола.

Резултати: Алкалоид – Прилеп 45-23, Пролет – Бисинов 30-19, Кузманово – Струга 35-18, Вардар – Пелистер 27-24, Охрид – Тиквеш.

ПретходноВлаховиќ со два гола му донесе победа на Јувентус (видео)
СледноДобро позната ситуација во „Јане Сандански“: Вардарци им се поклонија на „Комити“ (ФОТО)