МЗТ Скопје дојде до осмиот седмиот пехар во Супер-Куп натпреварувањето, кој го носи името на легендарниот „Драган Василов – Цевка“. Актуелниот македонски првак го совлада Пелистер со 78-64 и ја продолжи својата доминација.
Слај постигна 14 поени, Крстевски 13, додека Маслинко 12 кај победникот. На другата страна Бојиќ беше прв стрелец на мечот со 25 поени и 8 скока.
Во СРЦ „Кале“ видовме интересна битка и најава дека не чека интересна сезона. МЗТ Скопје направи чекор кон победата во третата четвртина, која ја доби со 21-13 за водство од 56-50, а потоа продолжи во ист ритам во последниот период кога поведе со 65-52 во 34-та минута.
На момент се чинеше дека Пелистер ќе успее да се врати, но немаше сили за тоа. Во игра влегоа Војдан и Дамјан, ја дадоа потребната свежина, МЗТ Скопје поведе со 72-57 на три минути до крајот доволно за мирен финиш.
Претходно, во првото полувреме битолчани одиграа многу подобро, функционираше нападот и одбраната.