И официјално: Ловро Јотиќ е ново засилување на ГРК Охрид!

115

Хрватскиот репрезентативец (194cm, 95kg) кој има 29 години игра на позицијата среден бек, Ловро Јотиќ и официјално е најновото засилување на ГРК Охрид.

Раководството на клубот и средниот бек потпишаа договор до 2026 година со можност за продолжување на истиот.

Тој доаѓа од екипата на Нексе Нашице од Хрватска, а пред тоа го носеше дресот на бундеслигашот Лајпциг, настапуваше во македонското првенство за Вардар и Пелистер, како и во данскиот шампион Алборг и хрватскиот шампион Загреб.

ПретходноДесетти хуманитарен пикник за вработените на „Алкалоид“: Околу 2 милиони денари за организацијата СОС Детско Село
СледноПМФЛ: Шкендија слави во тензичен меч, Гачевски удрен од публиката, тензии и во Струга… (ВИДЕО)