Тадеј Погачар испиша нова страница во словенечката велосипедска историја со триумфот на Светскиот шампионат во Цирих. Тој стана првиот Словенец со светска титула, а и четврти велосипедист во историјата со тројна круна во иста година: триумфи на Џиро д’Италија и Тур де Франс и сега светски шампион.
Претходно тоа им успеало само на белгиската легенда Ерик Меркс во 1974 година, ирскиот шампион Стивен Роч во 1987 и Холанѓанецот Анемек Ван Влеутен во 2022 година.
🩷 Giro.
💛 Tour.
🌈 Mundial.Pogacar cierra el círculo vistiéndose con su primer maillot arcoíris.#Zurich2024 | #LaCasadelCiclismo pic.twitter.com/5TmcU0EIkP
— Eurosport.es (@Eurosport_ES) September 29, 2024