Атлетико Мадрид и Реал Мадрид одиграа 1:1 во луд меч на „Метрополитано“ . Натпреварот беше доста тензичен, па десет минути беше во прекин поради навивачки нереди, а Атлетико стигна до изедначување во судиското продолжение на натпреварот откако судијата прво покажа офсајд, па ја смени одлуката по прегледување на снимка од ситуацијата.
Мечот тргна со шанса за Атлетико кога Алварез шутираше но Куртоа одбрани. Следуваа две шанси за Реал, прво Валверде не успеа да погоди, а потоа не успеа и Белингем. И двата удари ги одбрани Облак.
Во 51 минута Родриго доби топка на работ на шеснаесетникот, добро шутираше но топката помина над пречката. Во 64 минута Едер Милитао шутираше, топката погоди некого и го промени правецот на движење па го измами Облак и заврши во голот (ГОЛОТ НА ЕДЕР НА ОВОЈ ЛИНК).
Пет минути подоцна се случи прекин. Навивачите на Атлетико фрлаа предмети на теренот, некои го погодија Куртоа. Судијата ги испрати играчите во соблекувалната додека не се расчисти трибината.
Мечот продолжи со одбрана на Облак по шут на Винисиус.
Во 82 минута Атлетико можеше да изедначи, а Самуел Лино се најде во добра позиција шутираше но Куртоа ја исфрли топката во корнер. Следуваа уште две шанси за Атлетико, прво Гризман шутна преку голот, а потоа Анхел Кореа постигна гол кој судијата прво го поништи поради офсајд. Потоа одлучи да побара помош од ВАР собата и да прегледа снимка. По прегледувањето на снимката судијата ја смени одлуката и покажа дека е гол (ГОЛОТ НА КОРЕА НА ОВОЈ ЛИНК). Притоа го поништи жолтиот картон за Маркос Љоренте и го преименува во црвен.
На крајот реми 1:1.
На табелата Реал е втор со 18 бодови, а Атлетико е трет со 16 бодови.
Идното коло Атлетико му гостува на Сосиедад, а Реал ќе игра дома со Виљареал.