Беќири: Против Вардар е најлесно да ги мотивираш играчите

233

По вчерашната победа на мечот со Вардар, тренерот на тетовска ШкендијаЈетон Беќири вели дека неговиот тим имал тотална доминација.

„Мислам дека беше многу добар натпревар за нас. Тотална доминација од почеток до крај. Важно е што не ризикувавме и многу важно што не примивме гол. Можеби можевме да постигнеме уште еден гол, но генерално задоволен сум од тоа како го менаџиравме натпреварот. Натпреварите против Вардар за мене како тренер се многу лесни за подготовка и мотивирачки и од аспект на извлекување максимум од играчите. Знаев дека нашиот тим ќе реагира, не е нормално секогаш да немаш среќа или да правиш такви индивидуални грешки. Никогаш не се сомневав дека ќе поминеме добро“, вели стратегот на Шкендија.

ПретходноТрагедија во Италија: Екс-фудбалер на Каљари пронајден мртов
СледноГризман најави повлекување од репрезентацијата на Франција