КК Работнички како наш најголем кошаркарски бренд, како наш најтрофеен клуб одамна не е веќе таму каде што треба да биде. Резултатите ги нема, клубот е во очајна состојба, ни “Р“ од славниот Работнички.
Токму затоа навивачката група на Работнички “Сити Парк Бојс“ денеска излезе со официјално соопштение кое ви го пренесуваме во целост:
ГНЕВОТ Е НАСЕКАДЕ!!!
Кој дојде ќе се слика, ќе продава магла и од сето тоа само РАБОТНИЧКИ страда.
Премногу прашања се поставуваат ама некој не може или не сака на истите да одговори.
Одговорете на следните прашања.
Дали е точно дека генералниот спонзор се повлекол од договорот со КК Работнички ?
Дали е точно дека наместо 400 000евра(според договорот) за оваа сезона и 500 000евра за идната сезона е потпишан некаков си АНЕКС(јавно објавете го исто како што беа објавени делови од договорот) на смешна сума во однос на тоа што следуваше?
Дали е точно дека средствата наменети за КК Работнички завршија и ќе завршат во други клубови и федерации?
Дали е точно дека имате неподмирени рати за минатата сезона и кога истите ќе ги исплатите?
Со огромна доза на гнев
Група Гневни Граѓани