Екипата на Саутемптон доживеа уште еден пораз, петти во шестиот меч во Премиер лигата и натаму е без триумф. Со само еден бод освоен минатото коло „светците“ се при дното со 1 бод исто колку и последниот Вулверхемптон.
Саутемптон загуби на гости кај Борнмут. Уште по првото полувреме имаше негатива од 3:0. Головите ги постигнаа Еванилсон, негов деби погодок, потоа Куатара и Семенјо.
Саутемптон намали преку Харвуд-Белис во 51 минута.
Борнмут ја впиша втората победа сезонава и засега има осум бодови на табелата.