Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов повторно ќе бидат во центарот на едно големо дерби од светски размери.
На неофицијалното светско клупско првенство им е доделена полуфиналната пресметка меѓу Барселона и Веспрем. Дуелот меѓу двата гиганта е прв дуел за место во финалето на „Супер Глоуб“, стартува во 16 часот.
Во второто полуфинале ќе играат Магдебург и Ал Ахли.