УЕФА соопшти дека го отстранила италијанскиот судија Фабио Мареска од денешниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу ПСВ и Спортинг во Ајндховен.
Мареска требаше да биде четврти судија, но тој беше избришан од списокот бидејќи на мечот од кувајтското првенство меѓу Кувајт и Ал Араби му се закануваше на еден од играчите со смрт.
Тој беше јавно обвинет за закани, а УЕФА брзо реагираше и го тргна од списокот за натпреварот од Лигата на шампионите.