Андреј Стојчевски од Жилина ќе биде ново име за октомвриските дуели во Лигата на нации

314

21-годишниот централен бек на словачка Жилина, Андреј Стојчевски и 22-годишниот напаѓач на бугарска ЦСКА 1948, Марио Илиевски ќе се најдат на списокот на селекторот на нашата А-фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, за претстојните два меча со Летонија и Ерменија во продолжението на Лигата на нации.

Милевски за утре најави објавување на списокот и средба со новинарите, но Стојчевски и Илиевски ќе бидат меѓу новитетите во составот на нашата сениорска селекција. Илиевски првично не беше повикан за септемвриските дуели, но по повредата на Милан Ристовски беше прекомандуван од младата репрезентација и ги мина двете пресметки со Фарските Острови и Ерменија со најсилната национална селекција.

Стојчевски, пак, досега нема сениорски повик, затоа што беше дел од младата селекција за која дебитираше во 2022 година и досега има 8 настапи.

ПретходноОткриј го својот афинитет, надгради го талентот  – стартуваше 4-тата сезона од проектот Ракомет За Секое Дете
СледноУ17: Македонија одигра нерешено на првиот тест со Кипар