Селекторот на А-фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, денеска го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните две пресметки во Лигата на нации. За дуелите со Летонија и Ерменија на гостински терен, Милевски се реши да повика две нови имиња од младата репрезентација.
Првото е Марио Илиевски кој веќе беше принудно повикан за септемвриските дуели по повредата на Милан Ристовски, а сега во А-тимот доаѓа и дефанзивецот на словачка Жилина, Андреј Стојчевски.