Она што го најавивме вчера денеска доби потврда. Државна Видеолотарија Касинос Австрија и официјално повеќе нема веќе да биде спонзор на Фудбалската федерација на Македонија.
Од ВЛТ испратија писмено известување за раскин на договорот со ФФМ. Ова значи дека ФФМ ќе остане без 300.000 евра на две години, колку што е договорот, сума која ја добиваше во текот на изминатиот период.
Државна Видеолотарија е втората фирма која му “раскинува“ на ФФМ, откако претходно тоа го стори и По ТВ Арена Спорт.