ФФМ ги одреди казните за Тиквеш, Башкими и Вардар Неготино

239

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги одреди казните за Тиквеш, Башкими и за Вардар Неготино на чии терени имаше инциденти од натпреварите од Првата и од Втората фудбалска лига.
Тиквеш доби забрана за настап на два натпревари на домашен терен и го загуби дуелот со Вардар со службени 0:3. Во последните моменти од мечот во Кавадарци со тврд предмет беше погоден помошниот судија Гоце Петревски, па главниот судија Александар Ставрев го прекина натпреварот.
Исти казни добија и Башкими и Вардар Неготино поради инцидентите на мечевите со Беласица и Охрид. Трите тима ќе мора да играат на терени кои се најмалку 100 километри подалеку од нивниот стадион.

 

ПретходноСкопскиот маратон 2024 со рекорден број натпреварувачи
СледноКрај на сезоната за дефанзивецот на Јувентус, Бремер