Репрезентацијата на Македонија У17 ја совлада соодветната селекција на Кипар со резултат 3:2 во пријателски меч одигран на стадионот „Катокопиа“ во Перистерона во близината на Никозија. Ова е првиот од двата тест натпревари со Кипар пред стартот на квалификацискиот турнир за ЕП кој ќе се игра на Исланд.
Следниот меч со Кипраните ќе се игра на 3 октомври.
Селекторот Раде Каранфиловски за овие мечеви ги повика:
Антониј Трајковски, Стефан Стаматовски, Александар Трајков, Ристе Стоилов, Матео Кесиќ, Давид Ангелевски, Лорент Жаку, Блерон Бајрами, Александар Грашески, Бленди Ганиу, Алекс Запончек, Ненад Дамјановски, Христијан Јевтовски, Јован Мрмачовски, Флорент Османи, Алек Сиваков, Кристијан Марковски, Мартин Џангаровски, Стефан Бранковски, Андреј Ристовски, Иво Марковски