Луис Енрике како тренер и Килијан Мбапе како капитен минатата сезона во ПСЖ и немаа којзнае каква успешна соработка. Официјално се беше во ред, но зад кулисите дури сега излегуваат информации и видеа на кој се гледа како шпанскиот тренер кога се вршела анализа на еден состанок не бирал зборови за да го навредувал Мбапе, посебно за неговата игра во дефанзивата која и ја нема.Познато е дека Мбапе не игра одбрана или не сака да игра одбрана а тоа го ““збеснало“ Луис Енрике, па во еден моменот почнал да го навредува како што се гледа од видеото:
„Слушам дека ти се допаѓа Мајкл Џордан? Е, па тој Џордан во одбрана играше како ку*вин син. Ти мораш да бидеш пример, ти ќе бидеш најдобар само ако играш и во дефанзивата. Тоа го прави вистинскиот лидер како Џордан“ вели Енрике кон Мбапе покрај другото.
Дали по се ова е јасно зошто Мбапе избега во Реал Мадрид?
"He leído que te gustaba Michael Jordan".
"Michael Jordan se ponía a defender como un hijo de p***".#LuisEnrique 🗣️ Mbappé
📼 Lunes 7, '𝑵𝒐 𝒕𝒆𝒏𝒆́𝒊𝒔 𝒏𝒊 **** 𝒊𝒅𝒆𝒂' Capítulo 2. pic.twitter.com/VSYqtTAIsl
— Fútbol en Movistar Plus+ (@MovistarFutbol) October 3, 2024