Јувентус го раскинува договорот со Погба!

117

Иако вчера слушна добра вест, а тоа е дека место 4 години ќе биде под суспензија само 18 месеци, Пол Погба сега има нови проблеми. Имено раководството на Јуве почнало постапка за раскинување на договорот со Французинот кој е под суспензија поради допинг. Веќе е контактирано со менаџерите на играчот откако претходно тренерот Тиаго Мота се изјаснил дека нема да смета на него и по март следната година кога му истекува суспензијата.

Инаку Погнба со Јуве има важечки договор со гигантот од Торино до јуни 2026 година, но нема шанси веќе некогаш да го облече “црно – белиот“ дрес на еден официјален меч откако Јувентус има намера да “раскине“ со него.

ПретходноКлубот каде што играше и Пандев е на продажба!
СледноСпалети со повик и до синот на легендарниот Малдини!