ПМФЛ: Струга ТЛ убедлива, Работнички сега е лидер, победи и Шкупи, кикс на Гостивар, без голови во Кратово и Битола! (ВИДЕО)

748

Попладнево се одиграа сите шест натпревари од 9.коло во нашата елитна лига.

На Арената во Скопје, Струга ТЛ како гостин успеа со 1:4 да го победи Вардар. Шампионот беше подобар, посебно во второто полувреме, па со двата гола на Компаоре, а по еден на Камбери и Кехинде заслужено победи. Голот за 1:1 за Вардар беше дело на Босанчиќ, кој како што е познато е некогашен фудбалер на Струга ТЛ. Со овие три бода шампионот и дефинитивно фати приклучок со екипите од самиот врв на табелата.

 

Работнички со головите на Регба и Мазари ја победи Воска и сега е лидер на табелата по 9.коло со 19 бодови. Секоја чест за тимот од Дебар Маало.

За тоа да се случи “виновни“ се Гостивар која дома одигра само 1:1 со Беса, но Шкендија која во Кратово на гости кај Силекс одигра само 0:0. Шкендија на оваа средба заработи два црвени картони.

Во Битола ништо ново кога игра Тиквеш, повторно кавадарчани не погодија, ама затоа кај Пелистер не ни загубија што и не е така лошо.

Шкупи со 3:1 ја “реши“ Брера, ова беше победа на својот деби настап на новиот тренер Алпарсан Ердем. Едмундсон, Канда и Ајетовиќ беа стрелци на головите за победникот, Ивковиќ стрелаше за гостинскиот состав.

РЕЗУЛТАТИ – 9.КОЛО

ГОСТИВАР – БЕСА 1:1

(Ивановски 61./Скендери 85.)

ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0:0

ШКУПИ – БРЕРА 3:1

(Едмундсон 7., Канда 22.,, Ајетовиќ 73../Ивковиќ 43.)

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 0:0

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1:4

(Босанчиќ 27./Камбери 3., Компаоре 41., 66., Кехинде 73.)

ВОСКА – РАБОТНИЧКИ 0:2

(/Регба 40., Мазари 75.)

ПретходноСупер контра напад на Беса, „турбо“ Скендери реализира (видео)
СледноДеби гол на Лука Станковски за Раднички Крагујевац (видео)