Раководството на Кит Го одлучи својот стадион во Пехчево да го стави на располагање на пожарникарите од Австрија, кои се справуваат со катастрофалните пожари во источниот дел на Македонија. Клубот со ова ја докажува својата општествена одговорност, токму и затоа е одложен пријателскиот меч со Детонит кој требаше да се игра денеска во Пехчево.
Да кажеме дека токму во околината на Пехчево се води вистинска битка против огнената стихија, против која се справуваат и нашите пријатели од Австрија.