Ѓорѓи Начевски на чело на ракометните судии!

356

Ѓорѓи Начевски е избран за прв човек на ракометните судии во Македонија и на таа функција ќе остане во наредните четири години. Тој е избран за Претседател на Здружението на ракометните судии во Македонија. Не треба да се трошат зборови за тоа кој е Ѓорѓи Начевски, секако еден од најдобрите судии во светот.

Денеска во Кавадарци беше одржано Изборно собрание на кое делегатите му ја дадоа довербата токму на Начевски и тоа едногласно да биде прв човек на ракометните судии:

Почитувани ,
Здружението на ракометни судии на Македонија денес 06.10.2024 во Кавадарци одржа Изборно собрание на кое едногласно беше избран Ѓорѓи Начевски за претседател на ЗРСМ во наредните 4 год 2024/28
Избран е нов Управен Одбор, нов Надзорен Одбор, Стручна комисија , исто така се донесени многу одлуки и правилници за идниот мандат од четири години.

се вели во соопштението од денешното Собрание во Кавадарци.

ПретходноЈуве го прими првиот гол сезонава и киксираше против Каљари!
СледноВо четврток ќе се одржи 24-тиот „Вуко Каров и тиквешките легенди“! (ФОТО)