Ветеранот Педро му донесе победа на Лацио, Болоња и Парма одиграа без голови!

28

Педро Родригез (37), некогаш големата ѕвезда на Барселона и селекцијата на Шпанија, уште еднаш покажа дека и тоа како знае да игра фудбал, иако е ветеран.

Имено се играше 85.минута на средбата меѓу неговиот Лацио и Емполи, а резултатот беше 1:1, кога тој стрелаше за победа од 2:1. Треба да се каже дека претходно Лацио на 1:1 не успеа да реализира пенал. Инаку Емполи дојде во водство уште во 9.минута со голот на Еспосито, додека домашните израмнија преку Закањи во 45+4.минута.

Попладнево од 15 часот во Серија А се одигра и средбата меѓу Болоња и Парма која заврши без голови.

ПретходноЕлмас од клупата ја гледаше победата на Лајпциг кај Хајденхајм!
СледноРакометарките на Ѓорче Петров убедливо поразени во Шведска!