Баерн само до реми во меч со многу пресврти

46

Фудбалерите на Баерн се вратија на врвот во Бундеслигата откако вечерва одиграа 3:3 на натпреварот во Франкфурт, во меч со многу пресврти.

Натпреварот од шестото коло заврши со резултат 3:3 (2:2). Гостите поведоа со голот на Ки Мин-Јае, па Ајнтрахт не се предаде, возврати со два гола за пресврт од 2:1.

Дајот Упамекано израмни само три минути подоцна на 2:2.

Нова предност на Баварците донесе Олисе, големото засилување од Кристал Палас, а Ајнтрахт се спаси од пораз во четвртата минута од судиското надополнување, кога Мармус уште еднаш го совлада Мануел Нојер за конечни резултат – 3:3.

ПретходноЈане Николовски повеќе не е тренер на ФК Победа
СледноТотенхем водеше со 0:2, па загуби со 3:2 на гости кај Брајтон (ВИДЕО)