Македонската ракометна репрезентативка Сара Ристовска постигна три гола во поразот на нејзиниот тим Рапид Букурешт на гостувањето кај Есбјерг во Лигата на шампионите.
Романскиот тим заврши поразен со 39-32, а нашето крило беше една од најдобрите стрелци за својот тим.
Рапид по четири кола во ЛШ остана на само една победа во досегашниот дел од настапите во групата Б.