Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс го одиграа историскиот прв заеднички натпревар во НБА. Една од најголемите ѕвезди низ историјата на НБА лигата, и неговиот најстар син влегоа во исто време на теренот на претсезонската средба со Феникс Санс која Лејкерс ја загубија со 114:118. Заедно одиграа 4 минути и 9 секунди.
Леброн имаше 19 поени (8 од 12 од поле), 5 скока и 4 асистенции, а Брони реализираше само 2 скока и притоа нанижа 4 загубени топки. На теренот се задржа 13 минути. Интересно е што Брони вчера наполни 20 години.
LeBron James. Bronny James.
The father-son duo share the court for the first time together! 👏 pic.twitter.com/93hC7k64gK
— NBA (@NBA) October 7, 2024