ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Станиќ (Работнички)

187

Можеби сме здодевни со Горан Станиќ што речиси секое второ коло е најдобар тренер, но што да се прави, човекот и тоа како си ја знае својата работа. Кој ли само можеше да претпостави пред стартот на сезоната дека токму Работнички по 9.коло ќе биде лидер на табелата и тоа пред сите фаворити, пред се пред Струга ТЛ и Шкендија? Веруваме дека никој, па ни самите луѓе во Работнички не можеа да претпостават. Но, ете, клубот од Дебар Маало има среќа што на клупата го има фантастичниот Горан Станиќ кој во саботата со својот тим на рутински начин ја победи Воска среде Охрид и го запоседна врвот на табелата.

Нема дилеми дека ако Станиќ и Работнички продолжат со ваквите игри веќе го имаме тренерот на сезоната.

ПретходноРеал и дефинитивно тргнува по ѕвездата на Ливерпул, планот е да дојде во јануари!
СледноПочина легендарниот холандски фудбалер Јохан Нескенс