“Бомба“ од Мадрид и тоа по пишувањето на медиумите во Англија. Имено Карло Анчелоти од раководството на “кралевите“ побарал во јуни да се ангажира Кол Палмер,во моментов најдобриот англиски фудбалер, веројатно заедно со Халанд и најдобриот фудбалер во Премиер – лигата. Клубот од Мадрид, според медиумите од Островот, бил спремен да даде за него неверојатни 180 милиони евра со што би го урнал својот рекорд, а таа сума би била и рекорд во ПЛ.
Дури сега се гледа каква грешка направи Пеп Гвардиола кога го пушти Палмер од Сити во Челзи за околу 50 милиони евра. Офанзивниот играч за врска оваа година во дресот на Челзи просто “експлодира“ фудбалски и сега јасно е дека Реал Мадрид како најголем клуб во светот пројавува интерес за него.
Сепак ова се е во доменот на шпекулациите, ако се знае дека “кралевите“ се заинтересирани и за Флоријан Вирц и Ерлинг Халанд, а веќе во јануари имаат намера да го донесат Трент Александер – Арнолд.