Ханси Флик одлучи: Ѕвездата на Баерн доаѓа во Барселона?!

1418

Познато е дека Барселона во последните неколчку години и тоа како си има проблем со финансиите, па затоа обично каталонскиот гигант ангажира играчи на кои им е истечен договорот.

Најновите информации од Шпанија велат дека тренерот на Барса, Ханси Флик има донесено одлука да во јуни по секоја цена се доведе Лерој Сане, офанзивецот на Баерн Минхен и репрезентативец на Германија.

Јасно е дека и Сане не би имал ништо против ако се знае дека во новата сезона Винсент Компани не му ја дава посакуваната минутажа, има повеќе други опции како Олисе на пример.

Најважно за Барсе е тоа што на Сане договорот со баварците му истекува во јуни па тој не би имал проблем да дојде во Каталонија и во Ла Лига.

За Сане силно е заинтересиран и Њукасл.

ПретходноЦЕВ Куп: Струмица со репрезентативен состав вечерва сака прва европска победа
СледноКадетите во триатлон се вратија со медали од БП во Романија