Легендата на Македонскиот фудбал, Дарко Панчев вечерва се појави во У21 кампусот на Македонија, кој што во моментов се подготвува за последните два дуели од актуелните квалификации.
Панчев пристигна за да им даде поддршка на нашите млади фудбалери во пресрет на дуелите против Молдавија на домашен терен односно Грузија на гости, со што ќе се заокружи оваа кампања.
Популарната „Кобра“ секогаш е добредојден гостин каде и да се појави во нашиот национален табор, и секој негов совет е драгоцен.