Нема ништо од спектакуларно полуфинале на Мастерсот во Шангај меѓу Синер и Алкараз. Причината е Томаш Махач од Чешка, кој успеа во 1/4 финалето да слави над Карлос Алкараз со 2:0 во сетови и со тоа да си закаже полуфинале со Јаник Синер, кој пак во својот четвртфинален меч беше подобар од Данил Медведев со 2:0 во сетови.
Махач првиот сет против Карлито го доби во тај-брејкот, додека во вториот сет иако Шпанецот имаше водство од 5:4 во гемови, сепак успеа да добие три гема во низа и да го добие овој сет со 7:5 за конечна победа од 2:0 во сетови, секако и за сензација во Шангај.










