Мбапе ги изнервира Французите: Бараше одмор од репрезентација, а си шета во Стокхолм! (ФОТО)

146

Познато е дека Франција во овој октомвриски циклус во Лигата на Нации не смета на својот капитен, Килијан Мбапе. Тој лично од селекторот Дидие Дешамп побара да биде ослободен од обврските кон репрезентацијата поради полесна повреда. Јасно е дека зад ова стои Реал Мадрид.

Но тоа е помалку важно, ако се знае дека и без него Франција прво го прегази Израел а допрва ја чека меч со Белгика, отколку фактот дека јавноста во таа земја е гневна поради нешто друго.

Имено Мбапе слободните денови ги минува во Шведска, поточно во Стокхолм каде е “фатен“ од папараците како си шета по улиците на овој град.

Допрва треба капитенот да објаснува што барал во Стокхолм.

ПретходноЛегендарниот Германец се прости од играчката кариера пред 50.000 фанови! (ВИДЕО)
СледноАнтонио Касано: Ако си фудбалер и ги потрошиш сите пари – ТИ СИ ИДИОТ!