Невиден скандал во ПЛ поврзан со Манчестер Јунајтед!

429

Уште ова му недостигаша на Ерик тен Хаг за да биде капак на се по се она што му се случува нему во Манчестер Јнајтед, а пред се на некогашниот гигант од “Олд Трафорд“.

Имено медиумите на Островот пренесуваат дека се случил скандал во Премиер – лигата и тоа во соблекувалната на Јунајтед на мечот со Астон Вила на гости.

Некој шегаџија поставил 2-3 дена прислушен апарат во соблекувалната се со цел да се слушне говорот на Тен Хаг, кој јасно дека не е омилен кај фановите на Јунајтед.

Интересно е тоа што тој фан, барем така се мисли, како си го внел апаратот така и го изнел.

Уште поинтересно е тоа што новинарите знаат што се има на снимката, знаат што се било кажано во соблекувалната, но сепак свесно не сакале да ги пренесат во јавноста со оглед на тоа како било дојдено до нив.

Ете тоа е Англија, тоа е ПЛ, тоа се Тен Хаг и Манчестер Јунајтед.

ПретходноСелекторот на Ерменија: Подготвени сме за одмазда!
СледноДрамата во Кавадарци за Бутел – Димитар Узунчев е херојот на скопјани