Драмата во Кавадарци за Бутел – Димитар Узунчев е херојот на скопјани

98

Бутел Скопје е победник на дербито во Кавадарци, во драматична завршница тимот на Горан Кузманоски успа да слави со 23-24 и да се зацврсти на петтото место на табелата во Супер-лигата. На другата страна кавадарчани имаа свои шанси особено во финишот, но не ги искористија.

Николов имаше шест гола, додека главниот виновник за победата Димитар Узунчев постигна четири гола, еден повеќе имаше Ѓеоргиевски. На другата страна Мијатовиќ запиша осум погодоци.

На теренот претежно видовме изедначена битка со тоа што Бутел во првото полувреме имаше позитива од два гола во неколку наврати (2-4, 7-9), но ГРК Тиквеш успеа да израмни на 10-10. Гостите повторно имаа водство од два гола и во второто полувреме (16-18), но на кратко беше вистинска битка на теренот која очекувано даде неизвесна завршница.

На две минути до крајот кавадарчани не искористија напад за да поведат со плус два, на другата страна Бутел Скопје преку Ѓеоргиевски израмнија на 23-23. Останаа 30 секунди за домашниот тим, Димитар Узунчев пресече топка и му донесе победа на скопскиот состав од 23-24. ГРК Тиквеш повторно не го искористи последниот напад за реми.

ПретходноНевиден скандал во ПЛ поврзан со Манчестер Јунајтед!
СледноВардар се прошета низ Прилеп