Милевски: Ова победа е за моите фудбалери и за сите кои веруваа во нас

180

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, по денешната победа во Ереван над Ерменија со 0:2 и убедливиот пласман на првото место во групата по четири кола, истакна дека победата ја посветува на фудбалерите и на сите кои веруваа во нив.

„Прво честитки за моите фудбалери за се прикажано во овој октомвриски циклус. Честитки за Ерменија која има навистина одлична селекција, но нашите момци вечерва беа подобри, покажаа дека имаат поголем квалитет и сосема заслужено дојдовме до посакуваната победа. Имавме одредени проблеми во првото полувреме кои ги корегиравме за време на паузата, и во вториот дел целосно доминиравме. Овие момци живеат еден за друг и така играат. Таа тимска игра која не краси сега, тој тимски дух е наша најголема радост и таа ги издигнува и над индивидуалните грешки кои се случуваат на терен. Ова е победа што им ја посветувам на нив и на целата фудбалска јавност што верува во нас. Постигнавме два убави гола преку Миовски и Алими. Ме радува фактот што знаеме да оствариме резултат. Што се однесува до судиските одлуки и проверката во ВАР-собата, никогаш не ги коментирам“, изјави селекторот на прес – конференцијата по мечот.

ПретходноМилевски во соблекувалната: Вие не сте нормални! (ВИДЕО)
СледноАнгличаните се опоравија од поразот со Грција, па триумфираа кај Финска (ВИДЕО)