„Мислам дека Клоп направи големо ср*ње“

329

Не сите се ентузијасти за новата работа на Јирген Клоп, кој од првиот ден од следната година ќе стане глобален фудбалски консултант во компанијата Ред Бул.

Поради ваквата одлука на поранешниот тренер на Дортмунд и Ливерпул, многу фудбалски стручњаци реагираа како да се изненадени. Многу луѓе беа погодени од овој избор, бидејќи популарното мислење е дека Клоп е надвор од филозофијата на Ред Бул.

Еден од оние кои јавно го изразија своето незадоволство беше Кевин Гроскројц. Човекот на кој Клоп му беше фудбалски татко, кој беше со него од првите минути во Дортмунд.

“Кога се разбудив ме чекаа 30 пораки. Мислев дека нешто важно се случува. Ги прочитав вестите и мислев дека сонувам. Тогаш се надевав дека тоа е лажна вест. Бев шокиран и тажен. Се уште е тешко да се проголта. .. Ќе му кажам дека никој не го очекуваше ова од него. Многу чудна одлука која и натаму не ја разбирам. Како голем фан на фудбалот, мислам дека направи големо с**ње. Со овие зборови ќе му се обратам. Тој ми е пријател на кого му должам и затоа морам да ја прифатам оваа негова одлука“.

ПретходноМејно ќе потпише нов договор со „ѓаволите“
СледноНов скандал на повидок: Кошаркар на Барселона удри судијка по задник (ВИДЕО)