Директорот на Милан и поранешен фудбалер, Златан Ибрахимовиќ има сериозна повреда на главата. Ова стана јасно од фотографиите објавени од него на социјалните мрежи. Тие покажуваат дека има прилично сериозна повреда на задниот дел од главата.
Швеѓанецот не даде дополнителни објаснувања околу причината за оваа повреда. Единствено што напиша на фотографиите е: „Дел од играта“.
Сепак, јасно е дека требало да оди на лекар за лекување на раната. Тоа се гледа и од објавените фотографии.
View this post on Instagram