Големо славје во нашиот репрезентативен табор по мечот во Ереван каде Македонија славеше со 0:2. Се чини најрадосен и најсреќен беше селекторот Благоја Милевски кој по ужасно лошите резултати во минатиот период и ужасниот старт во Лигата на Нации, она реми во Торшавн, врза три победи и ете дојде еуфоријата по победите над Ерменија двете и Летонија.
Не дека нема право да биде среќен и еуфоричен, но не треба да го имитира селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси.
Имено на 14.11.2021 по победата на Србија среде Лисабон, Пикси во соблекувалната ги праша своите избраници – “Дали сте вие нормални?“ по што следуваше луда забава на Митровиќ и другарите.
Милевски вчера во Ереван по победата над Ерменија во соблекувалната им кажа на своите избраници – „Вие не сте нормални“ по што играчите еуфорично реагираа.
Милевски во стилот на Пикси!
Сега кој е овде нормален? Се разбира малку да се пошегуваме. Со напомена дека таа победа Србија ја однесе директно на СП во Катар, а нас вчерашната победа над Ерменија не однесе на првото место во Ц Лигата на Нации во групата 4.
Нели, има разлика.
Погледнете ги двете виде во кои во главни улоги се Пикси и Благоја: