Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, вечерва во Кутаиси го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот меч од последното 10. коло во квалификациите за ЕП 2025.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски утре од 18 часот и гостуваат на Грузија во меч кој за домашните е огромна шанса да се дојде до 2. место на табелата и да се обезбеди пласман на завршницата на шампионатот.
Македонија на утрешниот меч ќе биде без петмина стандардни првотимци, откако Стојчевски и Илиевски беа прекомандувани во А-репрезентацијата, Максимов е повреден, а отсутен е и Станковски. Имран фетаи утре нема право на настап поради картони.
Мал плус е враќањето на Иван Николов.