Албанија славеше во Тбилиси, Словачка убедлива во Баку

154

Албанија и го нанесе вториот пораз на репрезентацијата на Грузија, прв на домашен терен во натпреварите од Лига Б делот во Лигата на нации. Вечерва во Тбилиси, Албанија со голот на Аслани славеше со 1:0 и ја оствари втората победа во групата и се израмни со Грузија и Чешка на првите три позициии на табелата.

Во рамките на Лига Ц делот, селекцијата на Словачка очекувано ги однесе бодовите од гостувањето кај Азербејџан. Словаците славеа со 3:1 на гостувањето во Баку за трета победа во групата и убедли пласман на првото место пред селекцијата на Шведска.

 

ПретходноУ21: Младите тренираа во Грузија пред утрешната последна пресметка во квалификациите
СледноБарса потврди: Повредата на Јамал не е сериозна