Се чини дека “сините“ не знаат за доста во овој летен преоден арок. Имено доцна синоќа Брегалница го промовираше своето најново засилување, и тоа од Србија. Станува збор за Никола Ескиќ (23), играч за врска кој доаѓа од редовите на Бачка. Има повеќе од 120 настапи во дресот на Бачка во Суперлигата а претходно играл за Напредак Крушевац.
Тој според сите прогнози треба да биде големо засилување за составот на стратегот Марјан Секуловски во сезоната која денеска стартува. Да потсетиме, Брегалница попладне од 17:30 часот во Штип го дочекува Шкупи.















