Ова се ТОП 10 лиги во светот: Англичаните на првото и на десетото место!

142

Јасно е дека кога станува збор за статистиката и анализата има и такви кои нема да се сложат, но компанијата Опта, која се занимава со оваа проблематтика излезе со табела во која според нејзе се десетте најсилни фудбалски лиги во светот.

Не е тајна дека на првото место е Премиер-лигата, исто така Англичаните се и на 10.место преку Чемпионшип лигата, но според Опта, Ла Лига е дури на 4.место. Секако дека ова зачудува.

Инаку оваа табела е направена според квалитетот на тимовите, натпреварувањето, популарноста и уште многу други работи.

Ова е ранг – листата на ТОП 10 лигите во светот:

1.Премиер- лига (Англија)

2.Серија А (Италија)

3.Бундеслига (Германија)

4.Ла Лига (Шпанија)

5.Лига 1 (Франција)

6.Серија А (Бразил)

7.Примера (Португалија)

8.Жупилер Про Лига (Белгија)

9.МЛС (САД)

10.Чемпионшип (Англија)

ПретходноЕкс-вардарец е назначен за спортски директор на Црна Гора
СледноЛегендарниот Том Брејди стана малцински акционер на Лас Вегас Рајдерс