Мбапе е запрепастен од обвинението за силување: Излегоа нови детали за патувањето во Шведска

401

Фудбалерот на Реал Мадирд, Килијан Мбапе е запрепастен од обвинението за силување во Шведска, но неговиот адвокат тврди дека францускиот напаѓач нема за што да се грижи и дека е мирен за целиот случај. Шведските власти потврдија дека е покрената истрага за наводното силување во Стокхолм.

Мбапе ја објави својата изјава минатиот викенд. Тој напиша „лажни вести“ на социјалните мрежи кога виде написи за наводи за наводно силување. Како што пренесуваат шведските медиуми, Мбапе минатата недела бил два дена во Стокхолм, бил фотографиран во центарот на градот во друштво на уште три лица, а потоа отишол во ноќен клуб.

Наводното силување се случило ноќта од четвртокот кон петокот во хотелот Банка. Полицијата била во тој хотел и извршила увид. Швеѓаните јавуваат дека полицијата од неа излегла со полни кеси со потенцијални докази.

Мбапе поради повредата не беше повикан на натпреварите од Лигата на нации и имаше неколку слободни денови пред да се врати на тренинзите со Реал Мадрид. Одлично ја започна сезоната, на 11 натпревари постигна седум гола и еднаш асистираше.

ПретходноЕкс-шеф на Ферари: Јас никогаш не би го ангажирал Хамилтон
СледноБизарен момент во АБА2-лига: Српски тим играше со 6 играчи на терен – судиите не забележаа (ВИДЕО)