Столе Димитриевски не добива шанса на голот на Валенсија, иако беше највен како големо засилување. Македонскиот репрезентативен голман имаше одлични сезони во дресот на Рајо Ваљекано, беше на мета на неколку клубови на крајот одлучи да им подаде рака на Валенсија.
Но, шпанскиот тим направи неочекуван потег, го врати Мамардашвили на едногодишна позајмица и го стави во сенка Димитриевски. Ова беше повод за шпанска „Марка“ му посвети текст на нашиот голман со наслов – Парадоксот на Димитриевски во Валенсија.
„Димитриевски беше прво засилување за Валенсија во текот на летото, постојано бранеше во текот на подготовките и се одеше во најдобар ред за него се до моментот кога беше одлучено Мамардашвили да дојде на едногодишна позајмица од Ливерпул. Оттогаш Столе има нула минути и уште чека на своето деби. Најголемото летно засилување седи на клупата и најверојатно ќе му биде дадена шанса во меч од Купот против екипа од некоја од пониските лиги во Шпанија. Ситуацијата за него не е лесна бидејќи пред да потпише беше слободен играч и имаше понуди и од други клубови од Шпанија и Европа, но Столе ја избра Валенсија затоа што очекуваше да биде прв голман и да го покаже својот квалитет“, се вели во текстот на „Марка“ за македонскиот голман.