Пантер ја замолкна белградска Арена, па порача: Покажавме карактер!

126
Фото: Евролига

Кевин Пантер е херојот на Барселона во победата против Црвена Звезда во рамките на Евролигата. Овој дуел беше решен после продолжение, а таму важна тројка постигна токму екс-кошаркарот на Партизан. Пантер ја замолкна преполната Арена и донесе големи бодови на својот тим.

„Противникот играше многу добро, направија големи работи, но ние продолжиме да одговараме. Покажавме карактер, ги притиснавме во продолжението и победивме. Звезда направи серија, но ние останавме стабилни, ги пребродивме тие минути, а потоа се издигнавме и тимски успеавме да дојдеме до победата. Двојните кола се секогаш тешки“, изјави Пантер.

Барселона од Белград си замина со победа од 94-98 нанесувајќи им го првиот пораз во Евролига на „црвено-белите“.

ПретходноВерстапен се врати на првото место, Ландо разочара во спринт квалификациите
СледноПочнуваат одбојкарските првенства: Денеска шампионско дерби во Скопје