Јаник Синер и Карлос Алкарас ќе играат во финалето, додека Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал за третото место на егзибицискиот тениски турнир „Слемот на шесте кралеви“ во Ријад. Мечот за третото место е со почеток од 18:30 часот и тоа ќе биде 61. дуел меѓу двајцта ветерани. Тенискиот свет последен пат ќе го гледа дуелот меѓу Новак и Рафа затоа што Шпанецот ќе се повлече од тенисот во ноември.
Наследникот на Рафа, шпанскиот тенисер Карлос Алкарас од 20:00 часот ќе игра против италијанската сензација Јаник Синер.
„Ќе ми биде тешко да ја пополнам празнината која ќе остане кога Рафа ќе се повлече. Не сметам дека јас сум следниот сон на шпанскиот тенис. Се трудам да играм и да уживам во тоа најмногу што можам. Среќен сум што во Шпанија малку ќе здивнат кога Рафа ќе се повлече, а се надевам дека ќе успеам еднакво да ги воодушевам навивачите како што тоа го правеше тој“, порача Алкарас.